Copy
Проект на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието
Кои активности беа изведени во текот на 2014 година?
Прочитајте во месечниот медиумски информатор.
Погледнете го информаторот во вашиот прелистувач
Медиумски информатор
декември 2014 - јануари 2015
Продолжен рокот за наградниот средношколски мултимедијален конкурс, апликации може да се испратат до 27 февруари

Поради подолгиот период во кој училиштата не работеа, ПМИО и МИМ го продолжија рокот за аплицирање на средношколскиот конкурс „Мулти-виа-медиа: Како го градиме соживотот во училиштата“. Училиштата ќе можат да се натпреваруваат и да освојат вредни награди со испраќање на мултимедијални продукти изготвени од учениците најдоцна до 27 февруари.
Дебатер од дебатниот клуб на ПМИО на УСАИД ја доби наградата за најдобар говорник


 
Ангелина Цветковска од дебатниот клуб на СУ „Орце Николов“, формиран во рамките на ПМИО, прогласена за најдобар говорник на Националниот дебатен турнир за почетници. Турнирот, чијшто домаќин беше партнерската организација – Младински образовен форум, се одржа од 19 до 21 декември.
 
ОУ „Панајот Гиновски“ од Скопје, одлични домаќини на висок претставник на УСАИД
 
На 11 декември, г-ѓа Кристи Вилсак, постар советник за образование во УСАИД во Вашингтон, го посети ОУ „Панајот Гиновски“ од општина Бутел за да ги проследи заедничките активности за меѓуетничка интеграција на учениците и наставниците. Воодушевена од енергијата и соработката на учениците, Кристи не сакаше да си замине од училиштето.
 
Одржувањето на училиштата ja подобрува средината за учење
 
Одржувањето на училиштата - тема на еднодневната обука, на која учествуваа секретарите и техничкиот персонал од 13-те училишта кои беа реновирани во 2014 година со помош на ПМИО. Тимот на Проектот и инженери – практичари ги презентираа вообичаените проблеми кои се јавуваат при одржувањето на училиштата, како и можните решенија за нив.
Како училиштето да стане важна вест во медиумите?
Преку 15 работилници во рамките на ПМИО, 440 членови на тимовите за училишта интеграција од училиштата низ цела земја развиваа познавања и вештини за јавни презентации, пристап кон целните групи и јавна комуникација. Како поактивно во јавноста, како училиштето да стане важна вест во медиумите? Еве ја атмосферата и нивните мислења од работилницата во Виница:
 
Рецепт за другарство на учениците од ОУ „Јане Сандански“ од Скопје


 
Од 3 до 11 декември, триесетина ученици ОУ „Јане Сандански“ од Скопје од прво до петто одделение, кои ја следат наставата на македонски, албански и турски јазик, ја реализираа заедничката работилница наречена „Другарство“. На крај на работилницата, учениците ни го претставија нивниот „Рецепт за другарство“.
 
Турнир во кошарка во СГГУ „Здравко Цветковски“ – за јакнење на спортскиот дух, толеранцијата и соживотот
 
Од 5 до 12 декември, во спортската сала на СГГУ „Здравко Цветковски“ од Скопје се одржа турнир во кошарка. Средношколците од ова училиште, поделени во четири мешани екипи, приредија пет дена на меѓусебно интензивно дружење, соработка, почит и фер игра.
 
На заедничко ашуре во Охрид


 
Понесени од духот на традицијата, родители, ученици и наставници од трите наставни јазици од основното модел училиште „Братство Единство“ од општина Охрид, во училишната кујна заеднички подготвија ашуре, традиционален десерт кој се користи во овој регион.
 
ПМИО ги информира редовно сите вклучени страни во проектот а и целата јавност за активностите што се спроведуваат во училиштата и општините ширум Македонија. Освен содржините во овој медиумски информатор и информациите кои се објавуваат редовно на веб страницата www.pmio.mk многу написи и интересни стории можете да пронајдете и во:
Билтен 1 (линк)
Билтен 2 (линк)
Медиумски информатор 1 (линк)
Медиумски информатор 2 (линк)
Медиумски информатор 3 (линк)
Медиумски информатор 4 (линк)
Медиумски информатор 5 (линк)
Медиумски информатор 6 (линк)
Медиумски информатор 7 (линк)
Медиумски информатор 8 (линк)
Share
Tweet
Forward to Friend
Овoj медиумски информатор е направен со поддршка на Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието. Информаторот е резултат на тимска работа помеѓу Македонскиот центар за граѓанско образование и Македонскиот институт за медиуми. Содржината на информаторот им припаѓа на авторите и не ги изразува ставовите на Агенцијата на САД за Меѓународен развој или Владата на Соединетите Американски држави. 
Facebook
Twitter
Веб страница
Copyright © 2015 Mеѓуетничка интеграција во образованието, All rights reserved.


unsubscribe from this list    update subscription preferences 

Email Marketing Powered by Mailchimp