Copy
Проект за меѓуетничка интеграција во образованието
Кои активности беа изведени во текот на 2013 година?
Прочитајте во месечниот медиумски информатор.
Погледнете го информаторот во вашиот прелистувач
Медиумски информатор - мај 2014
„Со дружба, братство љубов, слога, да ни мине живот цел“
Како што ова песна го величи идеалот на заедништвото, така и училиштата низ Македонија се трудат меѓусебно да создадат нишка на соживот. Младите економисти од училиштето „Гостивар“ од Гостивар  и техничарите од „Здравко Цветковски“ од Скопје на заеднички настан исполнет со игра, песна, танц, спорт и видеа, покажаа како тие и  нивните родители се вклучиле во процесот на интеграција.  
Насмевката е иста на сите јазици


 
Искрени насмевки, весел детски џагор, ученици кои љубопитно ѕиркаат во спортската сала нестрпливи да им се придружат на своите другарчиња. Ова е  сликата што не пречека во ОУ „Алија Авдовиќ“ на 15 мај годинава. Причината за тоа – заедничките спортски забавни игри, во кои учествуваа педесетина ученици од турска, албанска, бошњачка и македонска етничка припадност.
 
Музиката не спојува
 
Како е терминот за ‘folk songs and dances’ на македонски? Народни песни и ора. А на албански? Këngë dhe vallë popullore. А на ромски? Folklornikane gjilja thaj vastkhelibe. Благодарение на Музичкиот глосар/речник изготвен од осмо – одделенците од ОУ “Браќа Рамиз Хамид“ и ОУ “7-ми март“ од Скопје, го збогативме нашиот музички вокабулар на четири различни јазици (англиски, македонски, албански и ромски).
 
Забавна приредба за обележување на крајот на реновирањето во Виница
 
На 16-ти мај, после едно дождливо утро, сонцето огреа точно навреме за церемонијата на сечење на лента во средното училиште “Ванчо Прке“ во Виница. Наставниците и учениците напорно работеа во создавање на оригинална програма за публиката, со која се обележа завршувањето на процесот на реновирање на училиштето, замена на училишните прозори, таванот и подот.
Студентите дебатираат – дали формалното образование треба да биде главниот столб на меѓуетничката интеграција?


 
Дали формалното образование треба да биде главниот носител на меѓуетничка интеграција, или не? Ова беше темата на јавната дебата која се одржи на 6ти мај, 2014 помеѓу учениците од средните училишта „Цветан Димов“ и „Јосип Броз-Тито“.
 
Форум театри – одлична алатка за разбирање на луѓето и изнаоѓање заеднички решенија
 
Доколку сакате да ги разберете луѓето кои се поинакви од вас или комплексноста на одредена ситуација, обидете се да се ставите во кожата на другите. Форум театрите, преку играње улоги и учество на публиката во ситуации ставени на сцена, се одлична алатка за разбирање на разновидноста и за изнаоѓање заеднички решенија.
 
Репортерите од „Михајло Пупин“ не известуваат: освоивме прво место на конкурс за еко-филм !
 
По обуката за создавање на информативни мултимедијални содржини за Интернет која ја одржавме минатиот месец за наставниците и учениците од скопските средни училишта, не чекавме многу за да ги добиеме првите плодови на нашата заедничка работа. Учениците од Средното електротехничко училиште на Град Скопје „Михајло Пупин“, кои учествуваа на неа, не известуваат за една многу радосна вест за нивното училиште.
 
ПМИО ги информира редовно сите вклучени страни во проектот а и целата јавност за активностите што се спроведуваат во училиштата и општините ширум Македонија. Освен содржините во овој медиумски информатор и информациите кои се објавуваат редовно на веб страницата pmio.mk, многу написи и интересни стории можете да пронајдете и во:

Билтен 1 (линк)
Билтен 2 (линк)
Билтен 3 (линк)
Билтен 4 (линк)
Share
Tweet
Forward to Friend
Овoj медиумски информатор е направен со поддршка на Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието. Информаторот е резултат на тимска работа помеѓу Македонскиот центар за граѓанско образование и Македонскиот институт за медиуми. Содржината на информаторот им припаѓа на авторите и не ги изразува ставовите на Агенцијата на САД за Меѓународен развој или Владата на Соединетите Американски држави. 
Facebook
Twitter
Веб страница
Copyright © 2014 Mеѓуетничка интеграција во образованието, All rights reserved.


unsubscribe from this list    update subscription preferences 

Email Marketing Powered by Mailchimp