Copy
Проект за меѓуетничка интеграција во образованието
Кои активности беа изведени во текот на 2014 година?
Прочитајте во месечниот медиумски информатор.
Погледнете го информаторот во вашиот прелистувач
Медиумски информатор - јуни 2014
Училиштата „Крсте Мисирков“ и „25 Мај“ порачуваат: Со соработка, до повеќе дружење, среќа и насмевки кај децата
На манифестацијата во ОУ „Крсте Мисирков“, децата ги прикажаа резултатите на нивното творештво – многу игра, цртежи, песни, уметност и креативност, а сето тоа изработено заеднички, во испреплетени и мешани групи. Дружбата и забавата поминаа во прекрасна атмосфера, пред многу родители, соученици и наставници.
Крај на реновирањето, за почеток на ново партнерство и другарување


 
Со голема возбуда, на 4 јуни учениците, наставниците и родителите во  О.У „Никола Карев“ од Кочани го прославија крајот на реновирањето и завршетокот на изградбата на новиот влез во училишната зграда, кој ќе ја подобри безбедноста и ќе им помогне на учениците полесно и на време да стигнуваат на часовите.
 
МЦГО на прослава на роденденот со учениците од село Маврово
 
Во јуни годинава, Македонскиот центар за граѓанско образование (МЦГО) слави 10 години исполнети со успеси насочени кон подобрување на образовниот систем на Македонија. По тој повод, тимот на МЦГО го посети подрачното училиште „Денче Дејаноски“ во с. Маврово, каде што заедно со учениците, родителите, наставниците и миленикот на училиштето кучето Лаки го прославија овој јубилеј.
 
Три Меморандуми за соработка за реновирање во три училишта од три општини
 
На 24-ти јуни 2014 година, се потпишаа три меморандуми за соработка со што се започна со процесот на реновирање во три основни училишта од три општини во Република Македонија.
Игри без јазични граници


 
Како да играме игра, во која треба да комуницираме без да се гледаме, а сите зборуваме различни јазици? Тоа може да ни го откријат учениците од ОУ „Петар Здравковски Пенко“, кои учествуваа на настанот „Игри без граници“, организиран преку Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието.
 
Нови прозорци за подобар и заеднички светоглед
 
Голема мешаница, блескави насмевки, возбудени ученици и родители насобрани пред влезот на ОУ „Ѓорѓи Сугарев“ од Битола. Вака започна свечениот настан со кој се одбележа завршувањето на реновирањето во училиштето, реализирано преку партнерството помеѓу ПМИО и општина Битола.
 
Различни, а обединети: заедничка прослава за Денот на детето во Tетовско
 
Со спортски натпревар, садење дрвца и заедничко дружење, учениците и колективите на партнерските училишта ОУ „Асдрени“ од с. Глоѓи, Tетовско и ОУ „Страшо Пинџур“ од с. Јосифово, Валандовско, го одбележаа Меѓународниот ден за заштита на децата, 1 јуни.
Потпишување на Меморандум за соработка за реновирање на ОУ „Гоце Делчев“
На 5-ти јуни, започнаа активностите за реновирање на основното училиште „Гоце Делчев“ во општина Илинден, преку потпишување на Меморандум за соработка помеѓу училиштето, општината и ПМИО.
ПМИО ги информира редовно сите вклучени страни во проектот а и целата јавност за активностите што се спроведуваат во училиштата и општините ширум Македонија. Освен содржините во овој медиумски информатор и информациите кои се објавуваат редовно на веб страницата pmio.mk, многу написи и интересни стории можете да пронајдете и во:

Билтен 1 (линк)
Билтен 2 (линк)
Билтен 3 (
линк)
Билтен 4 (линк)
Билтен 5 (линк)
Share
Tweet
Forward to Friend
Овoj медиумски информатор е направен со поддршка на Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието. Информаторот е резултат на тимска работа помеѓу Македонскиот центар за граѓанско образование и Македонскиот институт за медиуми. Содржината на информаторот им припаѓа на авторите и не ги изразува ставовите на Агенцијата на САД за Меѓународен развој или Владата на Соединетите Американски држави. 
Facebook
Twitter
Веб страница
Copyright © 2014 Mеѓуетничка интеграција во образованието, All rights reserved.


unsubscribe from this list    update subscription preferences 

Email Marketing Powered by Mailchimp