Copy
Проект на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието
Кои активности беа изведени во текот на 2015 година?
Прочитајте во месечниот медиумски информатор.
Погледнете го информаторот во вашиот прелистувач
Медиумски информатор - октомври 2015
Обновен кров за спокојни училишни денови во ОУ „Наим Фрашери“

Сместено во прекрасен зелен појас над Студеничани, основното училиште „Наим Фрашери“ го има можеби најубавиот училиштен двор во земјата. Но, во последните неколку години, дотрајаниот и руиниран покрив на објектот изграден во далечната 1945, претставуваше вистинска главоболка за сите во училиштето. Денес овој проблем е веќе минато.
Саем на активности и продукти на модел училиштата

Над 200 ученици и наставници од шесте модел училишта ги промовираа резултатите од заедничката работа со ученици од различни наставни јазици, во пет различни категории на активности – секции, ученички иницијативи, мултикултурни работилници, екскурзии и остварени соработки меѓу наставниците.
Интегрирање на децата преку спорт и забава
 
Фудбал, игри со јаже, штафети и многу дружба и забава за време на трите завршни настани за заеднички спортски и рекреативни активности, кои беа организирани во текот на октомври, во Сарај, Велес и Ресен, со учество на повеќе од 500 ученици.
 
Партнерствата меѓу училишта поттик за поголема соработка меѓу општините


 
Учениците и наставниците од основните училиштата „Живко Чинго„ од Велгошти, и „Фаик Коница„ од Доброште, по четврти пат организираа заедничка средба, на која организираа 11 работилници, пријателски натпревар во мал фудбал и прошетка на знаменитостите на Охрид.
 
Кои се можностите за финансирање на активности за меѓуетничка интеграција во образованието?
Претставници на општините, училиштата и на тимовите за интеграција од цела Македонија, заедно со бизнис заедницата дискутираа за можностите за обезбебедување на дополнителни средства за поддршка на училишните активности, за законските олеснувања во процесот на прибирање на средства, како и за административните процедури при барање на донации и спонзорства.
Економското училиште од Гостивар – брендирано модел училиште
 
Ученици, наставници, родители и претставници на општината го промовираа соживотот, соработката и интеграцијата меѓу сите заедници во средното економско училиште „Гостивар“, едно од шесте училишта во земјата во кои интензивно се работи на градење модел за интегрирано образование.
 
ПМИО ги информира редовно сите вклучени страни во проектот а и целата јавност за активностите што се спроведуваат во училиштата и општините ширум Македонија. Освен содржините во овој медиумски информатор и информациите кои се објавуваат редовно на веб страницата www.pmio.mk многу написи и интересни стории можете да пронајдете и во:
Билтен 1 (линк) | Билтен 2 (линк)
Медиумски информатор 1 (линк)
Медиумски информатор 2 (линк)
Медиумски информатор 3 (линк)
Медиумски информатор 4 (линк)
Медиумски информатор 5 (линк)
Медиумски информатор 6 (линк)
Медиумски информатор 7 (линк)
Медиумски информатор 8 (линк)
Медиумски информатор 9 (линк)
Медиумски информатор 10 (линк)
Медиумски информатор 11 (линк)
Медиумски информатор 12 (линк)
Медиумски информатор 13 (линк)
Медиумски информатор 14 (линк)
Медиумски информатор 15 (линк)
Share
Tweet
Forward to Friend
Овoj медиумски информатор е направен со поддршка на Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието. Информаторот е резултат на тимска работа помеѓу Македонскиот центар за граѓанско образование и Македонскиот институт за медиуми. Содржината на информаторот им припаѓа на авторите и не ги изразува ставовите на Агенцијата на САД за Меѓународен развој или Владата на Соединетите Американски држави. 
Facebook
Twitter
Веб страница
Copyright © 2015 Mеѓуетничка интеграција во образованието, All rights reserved.


unsubscribe from this list    update subscription preferences 

Email Marketing Powered by Mailchimp