Copy
Проект за меѓуетничка интеграција во образованието
Кои активности беа изведени во текот на 2013 година?
Прочитајте во месечниот медиумски информатор.
Погледнете го информаторот во вашиот прелистувач
Медиумски информатор  - Март 2014
Што направивме во 2013?
 
- Работевме со 38 општини и 190 училишта;

Акциони планови за заеднички активности и партнерства помеѓу училиштата;

52 патнерства помеѓу 128 училишта;

- Креативни работилници, форум театри и јавни настани;

реновирани 11 училишта.

 
Креативноста на младите – најлесен пат до меѓуетничката интеграција во образованието
 
Центарот за изведувачки уметности Мултимедиа, организираше голем број на креативни работилници и форум театри.  Се снимија филмови, се играа претстави, се организираа исложби и перформанси.
 
Една од клучните активности на ПМИО е организирање на меѓусебни посети исоздавање партнерства помеѓу училишта од различни градови со различен етнички состав. 

Кон крајот на месецот јануари годинава се одржаа три промотивни настани, а на секој од нив по две модел училишта.
 
Различноста е најубавата знаменитост
 
Низ дружба, група ученици од струмичкото основно училиште „Маршал Тито“ и скопското „Лиман Каба“ги истражуваа историските богатства и колоритот на религиите кои го красат главниот град на земјава.
 
(клик на сликата за видеото)
Заклучоци од Форумот за меѓуетничка интеграција во образованието
(јануари, 2014, Скопје)

 
За да имаме вистинска меѓуетничката интеграција во образованието, потребни се радикални промени, поголема вклученост и поттик од државните институции, надградба на наставните програми за образување на идните наставници но и збогатување на повеќе предмети со содржини кои ги надминуваат стереотипите, предрасудите и етничките бариери, а едукацијата и активностите со наставниците, родителите и учениците треба да се фокусираат многу повеќе на практични работи, кои градат заедништво меѓу различните заедници преку соработка за теми кои се од заеднички интерес.
 
Разновидните цвеќиња ја прават градината поубава 
(текст на средношколец од Гостивар)

„Кога бев малечок, во една пригода дедо ми ми рече: „Внуче, градината е поубава со разнобојни цвеќиња“. Јас не го разбрав, но неговата мисла ми остана во сеќавање како некое предвидување. Сега сум средношколец, учам во СЕОУ Гостивар, минав и искусив многу нешта во животот, но мислата од дедо ми се уште ми беше енигма.“


Прочитајте повеќе
Видео за едно пријателство на две ученички во „Арсениј Јовков“ - Скопје.
 
(клик на сликата за видеото)

  
ПМИО ги информира редовно сите вклучени страни во проектот а и целата јавност за активностите што се спроведуваат во училиштата и општините ширум Македонија. Освен содржините во овој медиумски информатор и информациите кои се објавуваат редовно на веб страницата pmio.mk, многу написи и интересни стории можете да пронајдете и во:

Билтен 1 (линк)
Билтен 2 (линк)
Share
Tweet
Forward to Friend
Facebook
Twitter
Веб страница
Copyright © 2014 Mеѓуетничка интеграција во образованието, All rights reserved.


unsubscribe from this list    update subscription preferences 

Email Marketing Powered by Mailchimp