Copy
Проект за меѓуетничка интеграција во образованието
Кои активности беа изведени во текот на месец април 2014?
Прочитајте во месечниот медиумски информатор.
Погледнете го информаторот во вашиот прелистувач
Медиумски информатор - април 2014
Работи што не спојуваат: мајстори во кујната

Заедничките готвења и трпези во училиштата низ земјава претставуваат одлична алатка, не само за запознавање, дружење и градење пријателства помеѓу ученици, наставници и родители од различни училишта, градови и етнички заедници, туку и за запознавање на сличностите што ги имаме, какви што се мајсториите во кулинарството, кои се само еден од сегментите на богатството на различностите кои ги поседува нашата земја, како ретко кое друго место на Земјината топка.
Лекција која треба да се помни: зборувањето различни јазици не може да нѐ спречи да бидеме пријатели


 
Четириесет и седум ученици од основните училишта „Дитурија“ од Липково и „Вук Караџиќ“ од Куманово им одржаа лекција на возрасните која треба да се помни: зборувањето различни јазици, односно различната етничка припадност не е пречка за пријателство, забава и соработка.
 
Наставниците учат како да создадат и користат спорт и игри за да ги зближат децата
 
Игрите се секогаш забавни за младите луѓе. Покрај ова, тие се корисни во зајакнување на вредностите како што се комуникација, тимска работа, почит и отвореност, кои пак помагаат во постигнување на целта за меѓуетничка интеграција во образованието помеѓу учениците.
 
Во новото полугодие низ нова влезна врата
 
Пред реновирањето, училиштето Никола Карев од Кочани имаше само еден влез во училишната зграда. Секое утро, учениците се собираа во толпи пред тесната врата, а постоењето на еден влез и излез не само што им го отежнуваше навременото пристигнување во училниците, туку и ја загрозуваше нивната безбедност. Новиот влез не беше единствената промена на која наидоа учениците на првиот ден од второто полугодие.
Сложни креативци се изразија во духот на космополитизмот

Рацете на триесетина луѓе наизменично типкаа на лаптопите, се слушаше кликање на дигиталните апарати и смеата на тремаџиите пред камера. Вака помина дводневната обука за мултимедијални интернет содржини во образованието, што ја организираа МИМ и Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција, на 22 и 23 април во Скопје .
                                               Прочитајте повеќе
Гласот на младите преку јавна дебата во Куманово
 
Дебатите за интеграција во училишта ја подигнуваат свеста за потребата од дискусија на овие теми, но и влијаат директно на подобрување на комуникацијата меѓу младите од различни етнички заедници.  
 
ПМИО ги информира редовно сите вклучени страни во проектот а и целата јавност за активностите што се спроведуваат во училиштата и општините ширум Македонија. Освен содржините во овој медиумски информатор и информациите кои се објавуваат редовно на веб страницата pmio.mk, многу написи и интересни стории можете да пронајдете и во:

Билтен 1 (линк)
Билтен 2 (линк)
Билтен 3 (
линк)
Share
Tweet
Forward to Friend
Facebook
Twitter
Веб страница
Овoj медиумски информатор е направен со поддршка на Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието. Информаторот е резултат на тимска работа помеѓу Македонскиот центар за граѓанско образование и Македонскиот институт за медиуми. Содржината на информаторот им припаѓа на авторите и не ги изразува ставовите на Агенцијата на САД за Меѓународен развој или Владата на Соединетите Американски држави. 
Copyright © 2014 Mеѓуетничка интеграција во образованието, All rights reserved.


unsubscribe from this list    update subscription preferences 

Email Marketing Powered by Mailchimp