Copy
Проект на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието
Кои активности беа изведени во текот на 2014 година?
Прочитајте во месечниот медиумски информатор.
Погледнете го информаторот во вашиот прелистувач
Медиумски информатор - октомври 2014
Љубовна приказна од Западен Балкан: „ШЕКСПИР НА ВРАТА“

35 средношколци од Кавадарци успеаја да покажат дека креативноста, соработката и прифаќањето на разликите се двигател за меѓусебно разбирање и соживот. Резултатот од работата на овие млади луѓе е театарската претстава „Шекспир на врата“ – западно балканска верзија на светски познатата трагична љубовна приказна за забранетата љубов меѓу Јуле и Роме.
Училишта од Охридско и Тетовско сами иницираат активности за меѓуетничка интеграција


 
ОУ „Фаик Коница“ од Доброште беше домаќин на партнерското училиште ОУ „Живко Чинго“ од Велгошти, со што започна реализацијата на заедничката програма на активности за меѓуетничка интеграција. Училиштата, со голем ентузијазам, ги изведуваат активностите на сопствена иницијатива и со општинска поддршка.
 
ВИДЕО: Игра, смеа и Гангам стајл за уште една успешна приказна за заедништвото на младите
 
Со скокање на јаже, играње фудбал, Гангам стајл и Пингвин танцување - учениците од скопските села Батинци, Ракотинци, Стајковци, Коњари, како и од кумановското Старо Нагоричане учествуваа на завршниот настан на ПМИО за заеднички спортски и забавни активности, и на дело покажаа дека спортот и забавата се одлична алатка за зближување на младите.
 
Средношколците од „Орде Чопела“ од Прилеп демонстрираа дека „Сите сме едно“
 
На 15 октомври 2014, во театарот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп се одигра претставата „Сите сме едно“, која е резултат од креативните работилници на кои учествуваа средношколците од СОУ „Орде Чопела“ – Прилеп. Оваа група на ученици, полни со позитивна енергија, ја демонстрираше моќта на соживотот и толеранцијата, преку креативност, дружење и многу смеа.
Средношколците од Крушево заедно со партнерите од Тетово го прославија реновирањето на училиштето


 
Во СОУ „Наум Наумовски Борче“ од Крушево се одбележа завршувањето на процесот на поставување алуминиумски прозори во училишниот објект и презентирање на заедничките активности на ова училиште со нивните партнери од СОУ „Моша Пијаде“ од Тетово. На свечениот настан, пред бројната публика испратена е едногласна порака - „Заедно сме посилни“.
 
Учениците од ОУ „Јане Сандански“: Заедно да ја чуваме природата!
 
Природата не познава јазик, етничка припадност, ниту пак религија. Природата е заедничко наследство, и сите заедно треба да се грижиме за да ја зачуваме. Тргнувајќи од оваа премиса, неодамна, мешана група ученици од прво до петто одделение од ОУ „Јане Сандански“ од општина Чаир учествуваа на работилница на тема „Еколошко дрво“.


 
Уште едно ново партнерство кое ветува долгорочна соработка и трајни пријателства
 
Основните училишта „Гоце Делчев“ од Илинден и „Братство Единство“ од Коњари склучија партнерство и започнаа со заедничките активности. Партнерството беше прославено со свечена приредба, а домаќините од „Гоце Делчев“ имаа уште еден повод за радост - имено, по завршеното реновирање со помош на ПМИО, училиштето стана едно од 35-те енергетско ефикасни образовни објекти во земјава.
 
ПМИО ги информира редовно сите вклучени страни во проектот а и целата јавност за активностите што се спроведуваат во училиштата и општините ширум Македонија. Освен содржините во овој медиумски информатор и информациите кои се објавуваат редовно на веб страницата www.pmio.mk многу написи и интересни стории можете да пронајдете и во:


Билтен 1 (линк)
Билтен 2 (линк)

Медиумски информатор 1 (линк)
Медиумски информатор 2 (линк)
Медиумски информатор 3 (линк)
Медиумски информатор 4 (линк)
Медиумски информатор 5 (линк)
Медиумски информатор 6 (линк)




 
Share
Tweet
Forward to Friend
Овoj медиумски информатор е направен со поддршка на Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието. Информаторот е резултат на тимска работа помеѓу Македонскиот центар за граѓанско образование и Македонскиот институт за медиуми. Содржината на информаторот им припаѓа на авторите и не ги изразува ставовите на Агенцијата на САД за Меѓународен развој или Владата на Соединетите Американски држави. 
Facebook
Twitter
Веб страница
Copyright © 2014 Mеѓуетничка интеграција во образованието, All rights reserved.


unsubscribe from this list    update subscription preferences 

Email Marketing Powered by Mailchimp