Copy
Проект на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието
Кои активности беа изведени во текот на 2015 година?
Прочитајте во месечниот медиумски информатор.
Погледнете го информаторот во вашиот прелистувач
Медиумски информатор - февруари 2015
Преполн Дом на културата за перформансот на средношколците од Гостивар

Талентирани ученици од СТУ „Гостивар“ од овој град го претставија продуктот од креативните работилници пред публика која ја наполни салата во Домот на културата во Гостивар. Во публиката - ученици од сите средни училишта во градот, родители, претставници од општината, и претставници на ПМИО.
Меѓуетничка соработка – и возрасните можат да учат од помладите

Стереотипи и предрасуди, родова (не)еднаквост, говор на омраза и насилство – ова се само неколку од темите, разработени на работилницата на учениците во СУГС „Браќа Миладиновци“ од Кисела Вода. Тоа што ги восхити возрасните - добрата организација, која беше целосна заслуга на учениците. Имено, тие сами ја смислија агендата, ги одбраа темите за дискусија, и ги осмислија практичните активности.
Учениците од Прилеп и Зајаз се заложија за долгорочна соработка
 
Неодамна, ООУ „Блаже Конески“ од Прилеп и ОУ „Реџ Рушит Зајази“ од Зајаз потпишаа меморандум за партнерство, започнувајќи долгорочна соработка. Поради големата желба на учениците, активностите започнаа веднаш. Веќе се одржаа 4 работилници за нивно меѓусебно запознавање и работа на заеднички идеи.
 
Човек е богат онолку, колку што има пријатели
 
„Многу е важно да се дружите меѓу себе, деца. Да научите како да го поздравите другарчето на неговиот јазик. Да покажете почит. Еден човек е толку богат колку што има пријатели“, им се обрати возачот на групата ученици од ОУ „Култура“ од с. Матејче, Липково, додека ги носеше на посета кај нивните нови другарчиња во ОУ „Христијан Тодоровски Карпош“, од Ранковце.
Активности plot, затоа integration çok

На патрониот празник на модел училиштето ОУ „Санде Штерјоски“ од Кичево - Отворен ден за прикажување на резултатите од активностите, коишто се спроведуваа со поддршка на ПМИО. Настанот беше одлична прилика за родителите, директорите на други училишта од Кичево, како и претставниците од општината да се запознаат и да учествуваат во активностите на ПМИО.
Државен испитен центар и ПМИО потпишаа меморандум за разбирање
 
ДИЦ и ПМИО потпишаа договор за соработка, кој предвидува континуирана заедничка работа во подготовка на стратегија за меѓуетничка интеграција во образованието и во вклучување на клучните елементи од овој концепт во државниот испит за директорите на средните и основните училишта.

 
Отворено срце и отворен ден за сите – на посета во ОУ „Братство Единство“ во Охрид
 
Во охридското модел училиште „Братство Единство“ се одржа отворен ден, кој предизвика интерес кај голем број љубопитни родители, наставници, ученици, претставници од општина Охрид, претставници од ПМИО, кои со големо внимание ја проследија програмата на учениците.

 
ПМИО ги информира редовно сите вклучени страни во проектот а и целата јавност за активностите што се спроведуваат во училиштата и општините ширум Македонија. Освен содржините во овој медиумски информатор и информациите кои се објавуваат редовно на веб страницата www.pmio.mk многу написи и интересни стории можете да пронајдете и во:

Билтен 1 (линк)
Билтен 2 (линк)

Медиумски информатор 1 (линк)
Медиумски информатор 2 (линк)
Медиумски информатор 3 (линк)
Медиумски информатор 4 (линк)
Медиумски информатор 5 (линк)
Медиумски информатор 6 (линк)
Медиумски информатор 7 (линк)
Медиумски информатор 8 (линк)
Медиумски информатор 9 (линк)
Share
Tweet
Forward to Friend
Овoj медиумски информатор е направен со поддршка на Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието. Информаторот е резултат на тимска работа помеѓу Македонскиот центар за граѓанско образование и Македонскиот институт за медиуми. Содржината на информаторот им припаѓа на авторите и не ги изразува ставовите на Агенцијата на САД за Меѓународен развој или Владата на Соединетите Американски држави. 
Facebook
Twitter
Веб страница
Copyright © 2015 Mеѓуетничка интеграција во образованието, All rights reserved.


unsubscribe from this list    update subscription preferences 

Email Marketing Powered by Mailchimp