Copy
Проект на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието
Кои активности беа изведени во текот на 2015 година?
Прочитајте во месечниот медиумски информатор.
Погледнете го информаторот во вашиот прелистувач
Медиумски информатор - март 2015
Ранковчани на возвратна посета во село Матејче
На 26 март 2015, учениците од ОУ „Христијан Тодоровски Карпош“ од Ранковце го посетија партнерското училиште ОУ „Култура“ од с. Матејче, Липково. Прегратките при поздравувањето очигледно покажуваат дека наставниците и учениците веќе добро се познаваат меѓу себе. Ова беше нивна втора заедничка средба, по неодамнешната посета на матејчани во Ранковце.
Охриѓанката Арифа Малоска од „Братство Единство“ прогласена за најдобра ораторка!


 

На 25 март 2015 година, се одржаа финалните Ораторски средби. Повод - одбележувањето на 155 години од доделувањето на ловоровиот венец за поемата „Сердарот“ на Григор Прличев. Во конкуренција од тројца финалисти, победник на финалето на ораторските средби беше Арифа Малоска од ОУ „Братство Единство“ од Охрид, кое е едно од модел училиштата во рамки на ПМИО.

 
Избрани најдобрите мултимедијални продукти од средношколскиот конкурс „Мулти-виа-медиа: Како го градиме соживотот во училиштата“Стручно жири, составено од искусни новинари, обучувачи и претставници на партнерските организации на ПМИО, ги избра трите најдобри мултимедијални стории од конкурсот, што го организираше Проектот во соработка со МИМ. Свеченото доделување на наградите ќе се одржи на почетокот на месец мај. Освен наградите за најдобрите, ќе се доделат и признанија за сите учесници на конкурсот.
 
На заедничка прослава по повод реновирањето во ОУ „Кузман Шапкарев“
 
Реновирањето на електричната инсталација - поттик повеќе за вклучување на ова училиште во бројните активности за унапредување на меѓуетничката интеграција. На свечениот настан, освен домаќините, присуствуваа и учествуваа и ученици, наставници и директорот на партнерското училиште „Наим Фрашери“ од Студеничани, кои заедно со домаќините ги презентираа заедничките резултати.
200 наставници ги унапредија нивните вештини за спроведување активности за меѓуетничка интеграција во училиштата

 
Во текот на месец март 2015, ПМИО спроведе 5 напредни обуки, на кои учествуваа околу 200 наставници од 44 повеќејазични училишта. Учесниците изучуваа напредни методологии за спроведување на активности за меѓуетничка интеграција во образованието, кои тие секојдневно можат да ги реализираат во училиштата.
Кумановските средношколци со заедничка честитка за 8-ми март
 
Во пресрет на 8-ми март, 40 ученици од ССОУ „Киро Бурназ“ – Куманово, кои ја следат наставата на албански и на македонски јазик, заеднички декорираа глинени вазни и испишуваа пораки со честитки за Денот на жената на двата јазика. За учениците, оваа работилница не беше прва средба, бидејќи тие и претходно соработувале во други активности.
 
Избрани училишта во Компонента 4 – Фаза IV
 
ПМИО ги избра училиштата кои ќе учествуваат во компонентата, која им нуди помош за подобрување на материјалните услови. Изборот не подразбира дека сите овие училишта ќе бидат реновирани – пристапот до помошта ќе зависи вклученоста и ангажманот на училиштата во останатите активности на Проектот.
 
ПМИО ги информира редовно сите вклучени страни во проектот а и целата јавност за активностите што се спроведуваат во училиштата и општините ширум Македонија. Освен содржините во овој медиумски информатор и информациите кои се објавуваат редовно на веб страницата www.pmio.mk многу написи и интересни стории можете да пронајдете и во:
Билтен 1 (линк)
Билтен 2 (линк)
Медиумски информатор 1 (линк)
Медиумски информатор 2 (линк)
Медиумски информатор 3 (линк)
Медиумски информатор 4 (линк)
Медиумски информатор 5 (линк)
Медиумски информатор 6 (линк)
Медиумски информатор 7 (линк)
Медиумски информатор 8 (линк)
Медиумски информатор 9 (линк)
Медиумски информатор 10 (линк)
Share
Tweet
Forward to Friend
Овoj медиумски информатор е направен со поддршка на Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието. Информаторот е резултат на тимска работа помеѓу Македонскиот центар за граѓанско образование и Македонскиот институт за медиуми. Содржината на информаторот им припаѓа на авторите и не ги изразува ставовите на Агенцијата на САД за Меѓународен развој или Владата на Соединетите Американски држави. 
Facebook
Twitter
Веб страница
Copyright © 2015 Mеѓуетничка интеграција во образованието, All rights reserved.


unsubscribe from this list    update subscription preferences 

Email Marketing Powered by Mailchimp